Во Северна Македонија тимот за поддршка на мали бизниси е тука за да им помогне на малите и средни бизниси да растат, да успеат, и повторно да растат, за да станат катализатори на нивните локални економии, а потоа и на нивниот регион.
Ние ги поврзуваме нашите клиенти со
домашни консултанти и
меѓународни советници кои можат да помогнат при трансформирањето на многу различни видови бизниси. Од најмалите кои се стремат да растат, до оние кои целат кон глобално ниво, нашата мрежа на експерти од чинители, мислители и советници им помага на нашите клиенти да направат чекор напред и да почнат да размислуваат глобално.
Поддржуваме бизниси од различни индустрии, како што се прехрамбената индустрија, големопродажна и малопродажна дистрибуција, граденжништво и инженеринг. Ние не работиме само во главниот град. Впрочем, околу 39 проценти од нашите проекти се надвор од Скопје.
Без разлика дали ви треба нова веб-страна, систем за управување со квалитет, маркетинг стратегија, па дури и поставување на сосема нова управувачката структура, ние работиме заедно со вас за да го дефинираме најдобриот проект кој ќе одговара на вашите потреби. Потоа, ние ќе ве поддржиме низ целиот процес, користејќи го нашето долгогодишно искуство за да бидеме сигурни дека проектот ги постигнува најдобрите резултати. После една измината година од завршувањето на секој проект, ние се враќаме кај вас за да го оцениме влијанието кое сме го направиле. А резултатите зборуваат сами за себе.
После една година од завршувањето на проект:
Критериуми за квалификација
За да се квалификува една компанија треба да ги исполни следниве критериуми:
-
Големина: до 50 милиони евра годишни приходи или вкупна актива до 43 милиони евра. Вообичаeно работиме со компании кои имаат помалку од 250 вработени.
-
Сопственост: Работиме со приватни бизниси во претежно домашна сопственост.
-
Зрелост: Речиси сите бизниси со кои сме работеле се активни повеќе од две години.
-
Сектор: Работиме со бизниси од речиси сите сектори и индустрии. Но, НЕ поддржуваме компании кои се ангажирани во воени активности или производство на оружје, тутунска индустрија, игри на среќа и финансиски услуги.
Интегритет: Ние очекуваме компаниите со кои работиме да имаат високи стандарди на интегритет. Не работиме со бизниси кои имаат тековни или претходни судски процеси кои би можеле да влијаат на имплементацијата на проектот.